Perdormire
Екологија

„КОМУНАЛЕЦ“: Зошто животната средина е загадена?

Живееме во средина каде што никој не води грижа каде го фрла ѓубрето, односно тоа често се наоѓа до контејнерот за отпадоци или фрлено на улица, го фрламе од автомобилот додека се возиме. Како еден од посериозните проблеми се појавува недостигот на еколошки дозволи и еколошки стандарди на фабриките, како едни од најголемите загадувачи на воздухот, потоа се поголемиот број на автомобили во градовите, прозводството на храна во еколошки загадени околини итн. Македонија претставува неразвиена земја во однос на енергетската ефикасност, односно има голем потенцијал за развој на зелени самоодржливи технологии преку искористувањето на потенцијалот на големиот број сончеви денови, брзите реки, големи ливади со силен ветер итн., меѓутоа, засега на тоа поле не се случува некој поголем развој. Според горенаведеното, може да се заклучи дека граѓаниите на Македонија имаат ниско развиена еколошка свест. Останува само да се постави прашањето дали тоа се појавува како резултат на недоволната информираност во врска со екологијата и еколошките постапки коишто треба да се преземат или пак на неодговорноста на самите граѓани во врска со одржување на чиста животна средина? Дел од од идеите се дека треба да се стави поголем акцент на едуцирањето на луѓето во врска со еколошките постапки кои се преземаат бидејќи постојат многу поголем број фактори кои негативно влијаат врз околината од оние што се погоре наведени, а сето тоа ќе придонесе за почиста средина и поголем развој на државата. Сите сакаме да живееме во чиста животна средина и затоа треба сите ние да работиме, да се потрудиме да ја добиеме и да ја зачуваме за нас и за идните генерации.