Perdormire
Екологија

„КОМУНАЛЕЦ“-СТРУМИЦА ЧИСТЕШЕ ЛОКАЛНИ ДЕПОНИИ!

Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец“ во соработка со Општина Струмица заврши со порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии кои се наоѓаат на влезот во Банско. Акцијата за отстранување на дивите депонии продолжува и деновиве со чистење на околината на с. Габрово. Упатувамe уште еден апел до граѓаните да се јават во ЈПКД „Комуналец“ од каде што ќе дојдат на лице место и ќе го подигнат цврстиот отпад.