„КОМУНАЛЕЦ“ СО СИТЕ ВРАБОТЕНИ ОД ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗАПОЧНАА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ НА „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

јуни 10, 2020

ЈПКД „ Комуналец „ со скоро сите вработени од Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ започна со генерално летно чистење на каналот на „Крушевска Република„ со што освен за подобрувањето на изгледот и хигиената на самиот канал, се превенира од создавање на поплави од поројни дождови во летниот период. Во обемната акција беше соберена и депонирана сета трева и исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени, целата наталожена земја и исушена кал собрана и извадена од и околу каналот. Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот. Домакинствата својот отпад да го пријават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец,, за да може истиот да биде навремено подигнат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ