Home

Perdormire
Екологија Струмица

КОМУНАЛЕЦ СО „ГЕНЕРАЛКА“ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО СТРУМИЦА ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА!

Home

Во пресрет на верскиот празник Митровденска задушница ЈПКД Комуналец изврши генерално чистење на просторот околу и во Градските гробишта. Се известуват сите посетители кои ќе ги посетат Градските гробишта со своите автомобили дека ке има еднонасочен влез на движење , поточно влезот на автомобили ќе биде на предниот влез на гробиштата откај Струмица а излезот на возилата ќе биде исклучиво на задниот излез од гробиштата накај Баница. На овој начин ке се намали сообраќајниот метеж кој се создава при големо присуство на автомобили. Секако апелираме и за совесно однесување, неуништување на урбаната опрема како и неоставање на отпадоци се со цел за почиста средина.

НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ: https://www.facebook.com/komunalec.strumica/posts/pfbid0s11Sd7aA3tUjmAG3NadQH5ZtYi1g6ZZV16eXei8637FgZuL41ggXEaRZ3f5r5q4Ll