Perdormire
Екологија

„КОМУНАЛЕЦ“ ГО УРЕДУВАШЕ ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД!

Екипа од,, Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ започна со зимско уредување на градскиот плоштад. Се заменуват цвекињата од бетонските жарданерии со зимски цвеќиња со што плоштадот ке добие поубав и поурбан изглед во текот на зимата. Исто така редовно се одржуваат и другите зелени површини на и околу плоштадот, а екипа на Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД “Комуналец“ редовно врши чистење и собирање на смет од истиот. Сепак апелираме до граѓаните да не ги уништуват зелените површини, а своите отпадоци да ги фрлат исклучиво во кантите за отпадоци со што ке дадат голем допринес за поубав и почист плоштад со кој сите ќе гордееме.