ЈПКД „ Комуналец „ – Струмица започна со генерално летно чистење на долниот дел од каналот на „Крушевска Република„ со што се превенира создавање на поплави од поројни дождови во летниот период.
Во акцијата е соберена и депонирана сета трева и исушени растенија кои беа претходно третирани со средство за сушење, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени,
Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот.
Домакинствата својот отпад да го пријават на телефонскиот број 13-110 за да може истиот да биде навремено подигнат.