strumica denes logo

Генерално чистење на локалните депонии во Струмица!

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Екологија

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Екологија

Одделението “Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ периодов интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населените места Банско и Муртино. Овие депонии се наменети за биоразградлив отпад од локалното население кое се занимава со земјоделство. Апелираме до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во овие локални депонии.