„БЕТОВЕНОВА“ И ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ТОЈ ДЕЛ ИСЧИСТЕНИ И УРЕДЕНИ!

јуни 30, 2021

Eкипа од ЈПКД Комуналец во соработка со граѓаните од горниот дел на Струмица, поточно од улиците Бетовенова, Славчо Стојменски, 5 ти Ноември, Бошко Буха, Ѓорги Василев и Братство и Единство извршија еко акција со чистење и уредување во овој дел на градот. Со ова и со акцииите кои следат во текот на летниот период овој дел од градот започнува да добива почист и подобар изглед. Благодариме за помошта од граѓаните, кои исто така ги советуваме за поголема грижа за животната околина и секако за поголема хигиена и фрлање на ѓубрето исклучиво во контењери и пријавување на градежниот отпад на бројот 13 110 со што ке се подобри квалитетот на живеење. Да бидеме одговорни граѓани и да ја одржуваме уредна и чиста околината во која живееме.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: