Билјана Лазарова е избрана за нова претседателка на Унијата на жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево.
По повод нејзиниот избор, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Василево, Славе Андонов, упати јавна честитка, посакувајќи ѝ успешен мандат и реализација на бројни идеи и активности.
Андонов истакна дека преземањето на оваа функција претставува чест, но истовремено и голема одговорност која бара посветеност, енергија и истрајност.
Тој изрази уверување дека со ангажманот на Лазарова ќе продолжи организациското зајакнување на партијата, градењето единство и остварувањето на заедничките цели.
Со изборот на Лазарова започнува ново поглавје во функционирањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Василево, со очекувања за нови иницијативи и активности во претстојниот период.























