Христијан Ефтимов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица, беше дел од „Иванов школата за млади лидери“, каде во изминатите две недели имаше можност да стекне нови знаења, да размени искуства и да оствари средби со други млади луѓе.
Преку учеството во школата, Ефтимов имал можност да се запознае со различни перспективи и идеи, како и да воспостави нови пријателства и контакти.
По завршувањето на ова искуство, тој упати искрена благодарност за можноста да биде дел од школата, нагласувајќи го значењето на стекнатите знаења и инспиративните средби.
„Во тишината на нашето созерцание лежи нашата најголема сила“, порача Ефтимов во својата објава на социјалните мрежи.
























