Во духот на православната вера, молитвата и вековната христијанска традиција, денеска во храмот „Свети Димитриј“ во Струмица свечено беше одбележан големиот христијански празник Митровден, посветен на Светиот великомаченик Димитриј.
Храмот беше исполнет со верен народ, кој се собра за заедничка молитва и оддавање почит на светецот, во празнична и духовно возвишена атмосфера.
Со Светата Божествена Литургија чиноначалствуваше викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, а верниците пристапија кон Светата Причест, примајќи ги Светите Христови Тајни.

Меѓу присутните на свеченото богослужение беше и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој заедно со своето семејство присуствуваше на празничната литургија.
Митровден е еден од значајните празници во православниот календар, кој секоја година ги обединува верниците во молитва, надеж и духовна радост, потсетувајќи на силата на верата, љубовта и христијанските вредности.
























