strumica denes logo

ФИРМА ОД НОВО СЕЛО, УПРАВИТЕЛ И ЛИЦЕ ОД ПРОСЕНИКОВО ПРИЈАВЕНИ ЗА СОМНЕЖ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА ПРИ ЈАВНА НАБАВКА!

Автор:

Датум:

ноември 4, 2026

Автор:

Датум:

ноември 4, 2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава против фирма од струмичко Ново Село и три лица поради сомнежи за злоупотреби при приемот на одземена жива стока. Според полицискиот билтен, во два наврата изостанала проверката на количината и квалитетот на стоката, предвидена со договорот за јавна набавка.

Во пријавата се наведува дека фирмата, нејзиниот управител Т.Р. (46) и К.Р. (68) од селото Просениково во двата случаи не го извршиле приемот според договорените услови. Тие се пријавени поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Со пријавата е опфатен и Г.Г. (52), вработен во Агенцијата за управување со одземен имот од Скопје. Според полицијата, тој не побарал да се проверат количината и квалитетот на живата стока и за тоа да се состави соодветен записник. Г.Г. е пријавен поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.