strumica denes logo

ЌЕБАПИ, ПЛЕСКАВИЦИ И ВНАТРЕШНИ ОРГАНИ ЗАВРШИЈА НА ДЕПОНИЈА – ШТО ОТКРИ АХВ ВО ВАСИЛЕВО?

Автор:

Датум:

октомври 26, 2026

Автор:

Датум:

октомври 26, 2026

Вонредна инспекциска контрола во месарница во Општина Василево завршила со заплена и нештетно уништување на 470 килограми месни производи, привремено затворање на комора и парични казни за правното лице.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), инспекторите откриле нерегистрирана комора во која биле складирани 400 килограми замрзнати ќебапи и плескавици, како и 70 килограми внатрешни органи.

Целата запленета количина била однесена на депонија и нештетно уништена, а комората е привремено затворена.

На правното лице му се изречени парични казни поради работење во нерегистриран објект и неозначување на производите.