strumica denes logo

18-ГОДИШНИК ОД СТРУМИЦА НАПАДНАЛ 15-ГОДИШНИК, ГО СНИМИЛ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ!

Автор:

Датум:

октомври 26, 2026

Автор:

Датум:

октомври 26, 2026

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и 18-годишен жител на Струмица, со престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „насилство врз дете“.

На 15.09.2026 во Штип, пријавените физички нападнале 15-годишник, при што првопријавениот снимал со мобилен телефон.

Додека, на 19.09.2026 за време на манифестација во Штип, пријавените повторно го пресретнале 15-годишникот и му упатувале закани.

На 17.09.2026 во двор од образовна установа во Штип, пријавените физички нападнале 16-годишник.