Утре во Србија се одржуваат вонредните парламентарни избори на кои над 6,45 милиони граѓани ќе го избираат новиот состав на собранието, гласајќи за една од вкупно 18-те прогласени изборни листи.
Право на глас имаат вкупно 6.450.523 избирачи, кои ќе можат да го остварат своето право на 8.392 избирачки места, од кои 93 се наоѓаат во 37 држави во странство. За овие избори, изборниот праг за деветте мнозински листи изнесува три проценти, додека за преостанатите девет малцински листи важи природниот праг, кој се пресметува со делење на бројот на важечките гласови со 250 (вкупниот број на пратенички места).
На гласачкото ливче се наоѓаат 18 политички субјекти и коалиции, меѓу кои листата предводена од Српската напредна партија на Александар Вучиќ, коалицијата на Ивица Дачиќ, Студентската листа, повеќе малцински и десничарски коалиции, како и „Европска Србија“ која обединува дел од опозициските партии.
Дали после долги години Александар Вучиќ ќе ја изгуби власта? Сите анкети покажуваат негово водство, но, останува да видиме што ќе донесе утрешното гласање.
























