На самиот старт, нека е честит големиот јубилеј – 80 години од постоењето на домот за деца без родители „11 Октомври“! Низ децениите, оваа институција била прибежиште за многу детства, но во продолжение ќе ја раскажеме ретката, уникатна и животна приказна со среќен епилог, како и сите позитивни приказни и хуманитарни проекти што ги работи Елена Лука – вложувајќи се и лично во секој проект со срце и емоција!
Денес ја слушнавме една од најексклузивните лични животни приказни за семејството на г-ѓа Елена Лука, приказна која мора да се потенцира, да се прочита и да се слушне, за да биде вистински пример за многумина.
Судбината знае да ги приреди најтешките испити но постојат луѓе чија љубов и човештво решаваат да ги поместат границите на возможното.
Длабока, емотивна и преубава приказна доаѓа преку исповедта на познатата модна визионерка и успешна бизнисменка, г-ѓа Елена Лука, сопственик и генерален директор на ELENA LUKA GROUP, која со децении несебично помага на сите можни начини за децата од ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“.

Кога љубовта станува судбина и мисија
Всушност, повеќе од две децении, г-ѓа Елена Лука е нераскинлив дел од прикаските на многу деца кои минале низ институционална грижа. Но, една посебна енергија, некои велат предодредена од Бога, се случува пред околу дваесет години за време на еден настан во „11 Октомври“.

Токму таму, меѓу сите деца, пред неа се појавува малиот Виктор, а подоцна и неговата сестра Мартина, тогаш весела и симпатична балерина. Од тој ден, оваа врска прераснува во нешто повеќе од социјална грижа – таа станува вистинско, длабоко семејно создавање.

Од институционалниот дом до вратите на бизнисот и успехот
Иако во животот на овие деца имало многу предизвици, стравувања и рани од минатото, со несебичната поддршка на Елена, нивниот пат оди по нагогорна линија. Денес, Мартина и Виктор не се само дел од семејството, туку и носители на голем дел од бизнис-империјата на ЕЛЕНА ЛУКА Групација.

Мартина денес, со својата 25-годишна возраст, е управител на градежната оперативта во компанијата „Темел“, дел од групацијата, покажувајќи дека жените можат да бидат силни лидери и во традиционално „машки“ сектори.

Виктор ги води клучните активности во компанијата „Лукард“, која се занимава со управување и одржување на градежни објекти. Со своите 5-6 години кога дошол во домот, денес тој е столб и заштитник, човек кој стои цврсто на земја.

Многу значаен дел од оваа заедница е и биолошкиот син на Елена, Лука, кој, за разлика од нив, е целосно посветен на уметноста, музиката и продукцијата, но секогаш дава несебична поддршка на своите брат и сестра и имаат неверојатен однос, почит и взаемна љубов. Тој е и кум на ќерката на Мартина, која го носи името на нејзината баба Елена.
Приказна за чесен пат, труд и воспитување
Ова не е само приказна за успешен бизнис, туку за големо човечко срце. Г-ѓа Елена Лука истакнува дека нејзините деца учат од практичната страна на животот, преку труд, работа, чесност и длабоки вредности. Тие се адаптирале на сите промени, ги надминале сите трауматични искуства од минатото и денес претставуваат светлен пример за тоа како се гради млад, успешен и чесен кадар во општеството.

Интересен е и детаљот дека во нивниот дом секогаш има место за сите, а семејството продолжува да расте во љубов и хармонија, при што секој член ја наоѓа својата сигурност и поддршка.

Во емотивното видео за FASHIONEL, г-ѓа Лука и Мартина ја споделија несебично нивната приказна. Сите моменти на едно место, сета љубов, поддршката, стравовите, пожртвуваноста, среќата, насмевките… Сето тоа е доловено преку нашата камера. Погледнете:
Победа на љубовта над сите предизвици
Кога и да се погледне наназад, оваа приказна докажува дека со љубов, трпение и искрен пристап, нема препрека која не може да се сруши. Елена Лука успеа да создаде не само успешни бизнис-луѓе, туку и луѓе со чисти срца, кои знаат да ја почитуваат вредноста на семејството, заедништвото и поддршката.

Ова е инспиративна приказна за една мајка која, покрај својот биолошки син, со целото срце ги прифати Виктор и Мартина, потврдувајќи ја вистината: „Љубовта секогаш победува, таа е основниот принцип на нашето функционирање и така ќе биде до крајот на животот.“
























