АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ СТРУМИЦА
Вработува нов член на тимот за позицијата:
ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ
Адиент е еден од најголемите глобални добавувачи на автомобилски седишта со над 65.000 вработени на повеќе од 200 локации во светот, меѓу кои е и Адиент Аутомотиве Струмица, каде произведуваме различни видови на навлаки за седишта за најпознатите брендови во автомобилската индустрија.
Доколку сте заинтересирани да стекнете искуство во меѓународна компанија, да стекнете личен и професионален развој, и да бидете дел од едно возбудливо искуство, приклучете се на нашиот тим!
Одговорности:
– Одговорен за одржување и постигнување на дефинираните KPI индикатори за квалитет.
– Следење и обезбедување усогласеност на производствените процеси со барањата на клиентите, интерните стандарди и регулативите.
– Анализа на производствени и процесни дефекти и имплементација на корективни и превентивни мерки со примена на FMEA и CAPA методологии;
– Поддршка и координација на активности поврзани со APQP, PPAP, Control Plan, SPC и MSA.
– Водење и поддршка на интерни и екстерни аудити за квалитет спроведени од клиенти, добавувачи и сертификациски тела, со обезбедување усогласеност со IATF 16949, ISO 9001 и други релевантни стандарди;
– Континуирано ревидирање и унапредување на стандардните оперативни процедури и процесите за обезбедување квалитет во согласност со најдобрите практики и регулаторните барања;
Компетенции:
– Минимум една година работно искуство на иста или слична позиција;
– Универзитетска диплома, од областа на техничките науки;
– Напредно познавање на MS Office;
– Познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
– Развиени комуникациски, организациски и проектен менаџмент вештини;
– Аналитичко размислување, внимание кон детали и проактивен пристап;
– Познавање на системите за управување со квалитет согласно IATF 16949 и ISO 9001 ќе се смета за предност.
НУДИМЕ:
– Континуирани тренинзи, обуки и можности за професионален и кариерен развој
– Обезбеден оброк и превоз;
– Бенефити, награди и напредувања;
– Дополнителни превентивни медицински прегледи;
– Физиотерапевтски превентивни третмани;
– Организирани тимски настани, активности и патувања;
– Подароци за новороденчиња и првачиња;
– „Донеси пријател“ програма;
– Подароци за лојалност во компанијата.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим испратете кратка биографија (CV) најдоцна до 30.10.2026 г. на е-маил: strumica.jobs@adient.com
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со аплицирањето Вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното. Ќе бидат контактирани само избраните кандидати.
























