Во чест на сите починати струмички кошаркарски легенди, на 31 октомври 2026 година во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржи меморијален кошаркарски турнир. Почетокот е закажан за 11 часот.
На турнирот ќе учествуваат кошаркари ветерани од Струмица и Кавадарци, како и од Лесковац, Србија, Солун, Грција и Варна, Бугарија, што на настанот му дава меѓународен карактер.
Преку кошарката и дружењето, учесниците ќе им оддадат почит на починатите струмички кошаркарски легенди, чувајќи го споменот на нив и на нивниот придонес во спортскиот живот на градот.

























