strumica denes logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТРУМИЧАНИ: ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ – ЗАТВОРЕНА ДЕЛНИЦАТА ОД КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ЕВН ДО „МЛАДИНСКА“

Автор:

Датум:

октомври 21, 2026

Автор:

Датум:

октомври 21, 2026

Поради градежни работи за реконструкција на поројот „Крушевска Република“, воведен е променет режим на сообраќај на потегот од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Младинска“, информираат од Општина Струмица.

На оваа делница целосно е забрането движењето на моторни возила во двете насоки. Исклучок се жителите кои живеат на овој потег, за кои ќе бидат обезбедени посебни услови за користење на нивните возила.

Од Општината апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација додека траат работите.

Реконструкцијата треба да ја подобри функционалноста и да му даде нов изглед на овој дел од поројот „Крушевска Република“.