Детскиот фестивал „Вртелешка“ 2026 вчера во Струмица собра голем број деца и млади, кои уживаа во музиката, играта, дружењето и богатата фестивалска програма. На настанот се придружи и познатиот македонски пејач Ристо Самарџиев.
На фестивалот присуствуваше и градоначалникот на Струмица, кој истакна дека ваквите настани им овозможуваат на децата и младите простор за забава, дружење и креативно изразување.
Тој упати благодарност до организаторите за поканата и за организирањето на настанот посветен на најмладите, оценувајќи дека Струмица вчера живеела во ритамот на детската насмевка, музиката и играта.
























