strumica denes logo

ПОВЕЌЕ ОД ПРОФЕСИЈА: Животни искуства на поранешни наставници во Струмица по повод Денот на учителот!

Автор:

Датум:

октомври 6, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 6, 2026

Категории:

Струмица

По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителот се навраќаме на времето поминато зад училишната катедра. Поранешни наставници ги споделуваат своите спомени, искуства и погледи кон професијата која, како што велат, не завршува со последниот одржан час.

Секој училиштен ходник памети илјадници чекори, секој ѕид – генерации ученици. А зад секоја катедра стои човек кој покрај наставната програма пренесувал нешто многу повредно – знаење, вредности, охрабрување и имал верба во ученикот.

По повод Светскиот ден на учителот, раскажуваме приказни преку нашите поранешни наставници кои иако веќе одамна не стојат пред табла, своите спомени и годините поминати во училиштето ги носат со себе.

Поранешните наставници во ООУ „Маршал Тито“ Струмица со гордост зборуваат за времето кога училницата била нивно секојдневие, со гордост се сеќаваат на првите часови, на предизвиците, но и на малите моменти кои со текот на годините стануваат највредни спомени.