strumica denes logo

МИЦКОСКИ ВО ЊУЈОРК СЕ СРЕТНА СО ЗАМЕНИК-ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД, КРИСТОФЕР ЛАНДАУ: ВО ФОКУСОТ СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО САД И ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА!

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Њујорк остварил официјална средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа, и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според Мицкоски, разговорите биле посветени на стратешкото партнерство меѓу двете држави, продлабочувањето на политичкиот и економскиот дијалог, како и на прашања од заеднички интерес.

Меѓу темите биле можностите за унапредување на соработката во повеќе области, економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и улогата на Македонија како сојузник во НАТО.

Премиерот истакна дека во услови на сериозни геополитички предизвици, од особено значење е одржувањето силни, стабилни и принципиелни односи со стратешките партнери. Тој ги посочи САД како долгогодишен партнер и сојузник, нагласувајќи ја важноста на директната комуникација на високо политичко ниво.

Мицкоски оцени дека отворениот дијалог со американската администрација претставува можност за јасно претставување на македонските позиции и државни интереси во разговорите за важни регионални и глобални прашања.

Во својата објава тој порача дека Владата се залага за односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка, која треба да донесе резултати за граѓаните и државата. Достоинството, принципиелноста и заштитата на државните интереси, според Мицкоски, остануваат основа на нејзината надворешна политика.