На 7 септември 2026 година, околу 13:40 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во селото Мокриево се случила сообраќајна несреќа меѓу два мотоцикла управувани од 13-годишни малолетници без возачки дозволи.
Според информациите, едниот мотоцикл бил без регистарски ознаки и го управувал малолетник од селото Мокрино, додека другиот бил со струмички регистарски ознаки и го управувал малолетник од Мокриево.
Во несреќата, 13-годишникот од Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, додека другиот малолетник бил телесно повреден. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица.
ФОТО: АИ





















