Секторот за внатрешни работи Струмица продолжува со засилени контроли насочени кон лицата кои управуваат лесни електрични возила, односно електрични тротинети, спротивно на законските одредби.
Како резултат на преземените мерки, само во последните 24 часа на подрачјето што го покрива СВР Струмица биле санкционирани вкупно 20 возачи на електрични тротинети, додека две лесни електрични возила биле одземени.
Од СВР Струмица ја информираат јавноста дека контролите ќе продолжат да се спроведуваат секојдневно, а сите лица што нема да ги почитуваат одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе бидат соодветно санкционирани.
Истовремено, надлежните апелираат до возачите на електрични тротинети доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и да не ја загрозуваат сопствената, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
ФОТО: АИ





















