Против две физички лица и едно правно лице од Струмица е поднесена кривична пријава поради постоење сомнение дека се поврзани со даночно затајување и перење пари.
Во рамки на преземените истражни дејствија биле извршени претреси, при што кај пријавените биле пронајдени и одземени околу 600.000 евра.
Средствата се предмет на понатамошна финансиска истрага, а надлежните институции работат на утврдување на нивното потекло, како и на можната поврзаност со кривичните дела опфатени со пријавата.
Истрагата продолжува, а повеќе детали се очекуваат по целосното расчистување на случајот.






















