На 27.08.2026 околу 13:00 часот на регионалниот пат Р2432, на делницата од крстосницата со ул. „Стив Наумов“ во Струмица до с. Баница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(58) од Радово, струмичко и патничко возило „пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.А. (31) од село Баница, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., а со телесни повреди се здобил Џ.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
ДВЕ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЛЕ НА ПАТОТ КОН БАНИЦА – ЕДЕН ВОЗАЧ ТЕШКО ПОВРЕДЕН!


ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:




















