Во среда, на 2 септември, производно-трговското претпријатие „Дием-ГП“ ДОО ќе го отвори својот нов продажен објект, лоциран наспроти маркетот „Кипер“ на транзитниот пат.
„Дием-ГП“ повеќе од три децении е препознатливо и водечко претпријатие во областа на производството и преработката на овошје и зеленчук. Компанијата располага со меѓународните стандарди ISO 9001 за управување со квалитет и ISO 22000 за безбедност на храната, кој ги опфаќа и принципите на HACCP.
Во богатиот асортиман се вбројуваат бројни производи со врвен квалитет, достапни во различни пакувања и подготвени веднаш да се најдат на трпезата на потрошувачите.
Со отворањето на новиот продажен објект, струмичани ќе добијат уште едно место каде што ќе можат да изберат квалитетни производи од домашен и докажан производител.
📅 Отворање: среда, 2 септември
📍 Локација: наспроти маркетот „Кипер“, на транзитниот пат во Струмица
Наскоро ново во Струмица – вкусот и квалитетот на „Дием-ГП“ стануваат уште подостапни!





















