Осветлувањето на детското фудбалско игралиште во Струмица е ставено во функција, со што се создаваат значително подобри услови за тренинг и спортски развој на најмладите фудбалери.
На игралиштето секојдневно тренираат околу 400 дечиња од струмичките фудбалски екипи, кои отсега ќе можат да ги реализираат своите тренинзи и во вечерните часови.
Оваа инвестиција претставува важен чекор во унапредувањето на спортската инфраструктура и обезбедува побезбедни и поквалитетни услови за младите фудбалски надежи од Струмица.





















