Младата спортистка Драгица Глигорова, со поддршка од својата мајка Маја Глигорова, упати апел до компаниите и хуманите граѓани да помогнат во продолжувањето на нејзиниот спортски пат.
Драгица досега учествувала на европски, балкански и државни натпревари, на кои освојувала први места. Нејзината желба е и во иднина посветено да тренира, да настапува на значајни натпреварувања и гордо да ја претставува Македонија.
За да може да ги покрие трошоците поврзани со подготовките, тренинзите, опремата и учеството на натпреварите, потребна ѝ е финансиска поддршка од спонзори и донатори.
Сите заинтересирани кои сакаат да го поддржат нејзиниот спортски развој можат да се јават на телефонскиот број 075 512 028 или да уплатат средства на жиро-сметката 270-000221540-70, во Халкбанк, на име Маја Глигорова.
Секоја поддршка ќе ѝ помогне на младата шампионка да продолжи да се бори за нови успеси и достоинствено да ги брани боите на Македонија.
























