strumica denes logo

ДРОГА ВО АВТОМОБИЛ, ПА ПРЕТРЕС ВО ДОМ – ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СТРУМИЧКО!

Автор:

Датум:

јули 25, 2026

Автор:

Датум:

јули 25, 2026

Три лица од струмичко се лишени од слобода по полициска акција во која биле пронајдени кокаин и марихуана, а подоцна дрога била откриена и при претрес во нивниот дом.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 22:30 часот, во селото Муртино, полициски службеници од СВР Струмица ги привеле Ф.Р. (29), Е.И. (31) и С.Ш. (24), сите жители на селото Банско.

При контрола на патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски таблички, во кое се наоѓале тројцата, полицијата пронашла кокаин и марихуана.

Осомничените биле задржани во Полициската станица Струмица, а следниот ден, по наредба од суд, бил извршен претрес во домот на Е.И. во селото Банско. При претресот била пронајдена дополнителна количина марихуана.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање на настанот против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: