Уште едно капитално вложување во подобра инфраструктура и посигурна иднина за жителите на Просениково. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи ефикасно одведување на атмосферските води, со што значително ќе се намали ризикот од поплавување на улиците, домовите, дворовите и земјоделските површини при обилни врнежи.
Продолжуваме со инвестиции што носат трајни решенија, поголема безбедност и подобар квалитет на живот за сите граѓани.




















