Општина Струмица ги известува граѓаните дека во периодот од 6 до 9 јули 2026 година ќе се спроведе прво прскање против комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.
Прскањето во општина Струмица ќе се спроведе на 06.07.2026 година во градско подрачје и на 07.07.2026 година во населени места и во двата дена прскањето ќе се врши од 22 часот.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства. Граѓаните се замолуваат за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и реализирано во првиот нареден поволен ден.
Активноста се спроведува со цел намалување на популацијата на комарци и заштита на здравјето на населението во општина Струмица и Југоисточниот плански регион.




















