Струмица на 11 јули 2026 година ќе биде домаќин на мото собир во организација на „Custom Choppers Strumica“, настан кој ќе ги обедини љубителите на моторите, рок музиката и добрата забава од земјата и регионот.
Собирот ќе се одржи во клубската база „Clubhouse“, со почеток во 16:00 часот.
Организаторите најавуваат богата програма исполнета со дружење, музика во живо и вистинска бајкерска атмосфера.
За музичкиот дел ќе се погрижат бендовите „The Solution Band“ и „Live Wire“, кои ќе настапат во живо пред посетителите. За гостите ќе бидат обезбедени скара и освежителни пијалаци, а на располагање ќе има и бесплатна кампинг зона за сите кои ќе сакаат да го продолжат дружењето и по завршувањето на концертниот дел.
Настанот се организира под мотото „Ride In! Ride Together!“, со порака за заедништво, слобода и почит – вредности кои традиционално ги негува бајкерската заедница.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на мотоциклизмот да бидат дел од овој мото собир и заедно да уживаат во незаборавен ден исполнет со адреналин, музика и дружење.




















