Жителите на долната зона во селото Куклиш денеска се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводна линија.
Надлежните служби информираа дека водоснабдувањето ќе биде во прекин до попладневните часови, односно сè до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на состојбата.
Екипите работат на санација на проблемот, а од жителите се бара разбирање и трпение до повторното воспоставување на редовното снабдување со вода.





















