strumica denes logo

МИЦКОСКИ ДО МАРКЕТИТЕ: Мора да ги намалат цените, ако не го сторат тоа, ќе ги објавуваме со име!

Автор:

Датум:

јуни 23, 2026

Автор:

Датум:

јуни 23, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Владата имаше средба со претставници на дистрибутивните компании и маркетите, заради намалување на цените на прехранбените производи. Мицкоски кажа дека редно време е трговците да ги намалат цените, а ако не го сторат тоа Владата ќе преземе соодветни мерки и ќе ги објавува јавно маркетите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи. Ние, како Влада, имаме механизми да реагираме ако тоа не се случи. Оправдувања и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција од нив во следниве денови, ќе реагираме и тоа на долг рок. Ќе напрвавиме споредба какви се цените во маркетите во некои соседни земји и ако треба некои маркети со име ќе ги објавуваме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по работна средба со претставниците на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: