СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 31.05.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед над пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било лишено од слобода и задржано во полициската станица Струмица, а по поднесување на кривичната пријава тој е изведен пред судија од Основен суд Струмица кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Фото: АИ






















