strumica denes logo

ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – СТРУМИЧАНКИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ДО ТРОФЕЈОТ!

Автор:

Датум:

мај 15, 2026

Автор:

Датум:

мај 15, 2026

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера е нов освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во големото финале оствари убедлива победа над екипата на ЖФК Каменица Саса со резултат 5:0.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со доминантна игра и одличен настап на теренот, струмичките фудбалерки покажаа зошто важат за еден од најдобрите женски фудбалски колективи во државата, крунисувајќи ја својата успешна сезона со значаен трофеј.

Ова е втор Куп трофеј во историјата на ЖФК Тиверија Брера, успех што претставува голема гордост за клубот, навивачите и спортската јавност во Струмица.

Честитки за фудбалерките, стручниот штаб и сите кои се дел од овој голем спортски успех, кој уште еднаш го потврди квалитетот и амбицијата на клубот.