strumica denes logo

УЧЕНИЦИТЕ ОД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПОКАЖАА ЗНАЕЊЕ, ВЕШТИНИ И КВАЛИТЕТ НА ДРЖАВНО НИВО И СО ЗЛАТО И БРОНЗА СЕ ВРАТИЈА ОД ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО ВЕШТИНИ!

Автор:

Датум:

мај 13, 2026

Автор:

Датум:

мај 13, 2026

СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица бележи нови значајни успеси на државни натпревари, потврдувајќи го квалитетот на образованието, практичната настава и талентот на своите ученици.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На Државниот натпревар во вештини, организиран во рамки на проектот „Млади иновативни пекари и слаткари – мајстори за специјална храна“, во организација на Занаетчиска комора Скопје и Здружението Дијаграм, ученичката Елиф Османова достојно го претстави училиштето и со својата креативност, труд и посветеност го освои третото место. Нејзин ментор беше професорката Силвана Крстева.

Уште еден голем успех СОУУД „Димитар Влахов“ оствари и на Државниот натпревар „Зајакнување на младите – Градење вештини, креирање иднина“, каде ученичката Ивана Јованова, ученичка во трета година од земјоделската струка, во дисциплината „Хортикултурни вештини“ го освои првото место. Зад овој резултат стои менторската поддршка на професорката Роза Делева.

Овие достигнувања уште еднаш покажуваат дека младите од СОУУД „Димитар Влахов“ поседуваат знаење, практични вештини и креативност со кои успешно се натпреваруваат на државно ниво, носејќи гордост за училиштето и за Струмица.