Учениците од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица остварија значајни успеси на Националниот натпревар по вештини 2026, уште еднаш потврдувајќи го квалитетот на стручното образование, практичната настава и посветеноста што се негуваат во ова образовно учреждение.
Во категоријата автомеханичар, ученикот Панче Апцев го освои второто место, додека во категоријата каросериски механичар, Ристе Тодоров се закити со третото место. Нивни ментори беа Марјан Гоцевски и Марјанчо Јованчев.
Одлични резултати беа постигнати и во категоријата техничар за мебел и ентериер, каде Филип Иванов го освои првото место, а Валерија Цветков второто место. Ментор на Филип Иванов беше Коста Зингаров, додека Валерија Цветков работеше под менторство на Никола Узунов.
Во категоријата техничар за дизајн на облека, ученичката Марија Ристова освои четврто место, со менторска поддршка од Македонка Јанкулова, покажувајќи креативност, знаење и високо ниво на подготовка.
Успех забележа и ученикот Андреј Трендов, кој во категоријата електротехничар за компјутерска технологија и автоматика го освои третото место. Негови ментори беа Надица Ристиќ и Бошко Николов.
Овие резултати претставуваат уште една потврда за успешната работа на ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, како училиште кое создава квалитетни, стручни и конкурентни кадри подготвени за идните професионални предизвици. Од училиштето упатија честитки до сите ученици и нивните ментори за достојното претставување и постигнатите успеси.





















