Во рамките на одбележувањето на Еко месецот, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во Василево организираа креативна модна ревија, на која беа презентирани уникатни модни креации изработени од отпадни материјали.
Со голема посветеност, труд и тимска работа, учениците покажаа дека отпадот може да добие нова вредност и да се претвори во вистинска уметност. Преку своите креации, тие испратија силна порака за значењето на рециклирањето и повторната употреба на материјалите, како важен чекор кон заштита на животната средина.
Настанот беше поддржан од наставниот кадар и локалната заедница, при што беа упатени благодарности до сите учесници за нивниот придонес во реализацијата на ова едукативно и инспиративно еко-доживување.





















