strumica denes logo

РЕНОВИРАНО ИНТЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА – ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ!

Автор:

Датум:

април 28, 2026

Автор:

Датум:

април 28, 2026

Во ЈЗУ Општа Болница – Струмица денес беше одбележано отворањето на реновираното интерно болничко одделение, што претставува значаен чекор во унапредувањето на здравствените услуги во регионот.

Од болницата информираат дека проектот е резултат на заедничка визија, солидарност и општествена одговорност, при што посебна благодарност е упатена до компаниите кои дале свој придонес за неговата реализација.

Како што посочуваат здравствените работници, ваквите инвестиции се од особено значење, имајќи ги предвид секојдневните предизвици со кои се соочуваат, а воедно претставуваат дополнителна мотивација за понатамошна посветена работа.

Од установата нагласуваат дека вложувањата во здравството се вложувања во иднината, а обновеното одделение ќе овозможи подобри услови за лекување и грижа за пациентите.

Во прилог на информацијата, објавени се фотографии од одделението пред и по реновирањето.