strumica denes logo

ДЕЛ ОД СТРУМИЦА ДЕНЕС БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ИНТЕРВЕНЦИЈА НА МРЕЖАТА!

Автор:

Датум:

април 23, 2026

Автор:

Датум:

април 23, 2026

Поради изведба на приклучок за вода, дел од Струмица денеска ќе остане без водоснабдување, информираат од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.

Според информациите, без вода од 8 до 12 часот ќе биде улицата „Ѓуро Салај“, на потегот од раскрсницата со улица „11 Октомври“ до раскрсницата со улица „Моша Пијаде“.

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните од овој дел да имаат разбирање за привремениот прекин, кој е неопходен за подобрување на водоводната инфраструктура. Нормализација на водоснабдувањето се очекува по завршување на интервенцијата.