Сообраќајна несреќа се случи денеска кај местото познато како „црна точка“, веднаш по ресторанот „Македонска куќа“, при што се преврте шлепер и предизвика прекин во сообраќајот повеќе од еден час.
Како што информираат очевидци за Струмица Денес, товарното возило со неприлагодена брзина влегло во кривината, по што возачот изгубил контрола и шлеперот се превртел на коловозот.
На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на СВР Струмица кои вршат увид и работат на расчистување на случајот. Според првичните информации, во несреќата има лица со полесни повреди.
Сообраќајот на овој дел се одвива отежнато, а надлежните апелираат на внимателно возење, особено на делниците кои важат за ризични.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.






















