strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ НА СВЕТ ГО ДОНЕСЕ ПРВОТО БЕБЕ ВО НОВООТВОРЕНАТА БОЛНИЦА „МАРТИНИ“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

април 19, 2026

Автор:

Датум:

април 19, 2026

Со голема радост и гордост, Болница Мартини го одбележа раѓањето на своето прво бебе, природно и спонтано породување, што претставува посебен и значаен момент за целиот медицински тим.

Во Болница Мартини, секоја мајка добива врвна грижа и внимание, благодарение на професионалниот тим од акушерки и доктори кои се посветени на секој чекор – од првиот преглед до најважниот момент на раѓањето.

Со фокус на сигурност, топлина и индивидуален пристап, болницата создава пријатна и безбедна средина во која мајките и новороденчињата се чувствуваат згрижено и поддржано.

Тимот по акушерство и гинекологија во Болница Мартини секојдневно вложува знаење, искуство и срце во својата работа, градејќи доверба и сигурност кај пациентите.

Добредојде на свет, мало чудо, почеток на една нова и прекрасна приказна! 💚