strumica denes logo

ВО ВЕЉУСА НА 30 МАЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРВАТА „ЦРЕШИЈАДА“

Автор:

Датум:

април 18, 2026

Автор:

Датум:

април 18, 2026

Во селото Вељуса, општина Струмица, на 30 мај ќе се одржи првата „Црешијада“, манифестација посветена на еден од најпрепознатливите земјоделски производи од овој крај – црешата.

Организаторите информираат дека настанот има за цел да стане нов препознатлив белег на регионот, следејќи ги примерите на веќе познатите манифестации како „Празијада“ во Градашорци (општина Василево), „Костенијада“ во Смолари (општина Ново Село) и „Ајверијада“ во општина Босилово.

Со одржувањето на „Црешијада“, Вељуса и општина Струмица се вклучуваат во низата локални настани кои го промовираат традиционалното производство, гастрономијата и културниот живот во регионот.

Се очекува манифестацијата да привлече голем број посетители, кои ќе имаат можност да уживаат во богатата понуда на свежи цреши, локални производи и забавна програма, со што „Црешијада“ има потенцијал да прерасне во значаен настан на туристичката и културната мапа на Струмица.