По огромниот интерес и распродадени претстави во Скопје и Кавадарци, урнебесната монодрама „Менопауза“ со легендарната Тијана Дапчевиќ пристигнува и во Струмица!
НУЦК „Антон Панов“
25 април 2026
20:00 часот
Влезниците се во продажба од понеделник, 9 март, на билетарата на Дом на култура „Антон Панов“ – Струмица
онлајн https://antonpanov.mk/events/menopauza-stand-up-comedy/
Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години – Тијана без влакна на јазикот (и со некое ново на брадата ) ве освојува уште од првата минута.
Текст: Данило Вукотиќ
Режија: Раде Вукотиќ
Совршена вечер за смеа, препознавање и женска солидарност. Поведи другарка. Или две. Оваа претстава најдобро се доживува заедно.

























