Во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, во Струмица успешно се одржа детската театарска претстава „Застани, погледни па на пешачки премини“, наменета за најмладите ученици.
Претставата, преку едукативен и забавен пристап, им овозможи на децата да се запознаат со основните правила за безбедно учество во сообраќајот, со посебен акцент на правилното преминување на улица и вниманието како пешаци.
Настанот беше организиран од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Општина Струмица и НУЦК „Антон Панов“.
Со ваквите активности, надлежните институции продолжуваат да работат на подигнување на свеста кај најмладите и создавање побезбедна средина за сите учесници во сообраќајот.




























