strumica denes logo

СТРУМИЧКИТЕ ДЕЦА КРИСТИНА ТРЕНДОВА И СТЕФАН ОНЧЕВ БЛЕСНАА НА СЦЕНАТА ВО СКОПЈЕ И ЈА ОСВОИЈА ПУБЛИКАТА СО СВОЈОТ ТАЛЕНТ!

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Автор:

Датум:

март 26, 2026

На 25 март, на сцената во Музејот на македонската борба во Скопје, се одржа атрактивниот настан „Слободна среда“, во организација на ММ Македонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

На концертот настапија петнаесет млади уметници од Македонија, меѓу кои се истакнаа и талентирани деца од Струмица, кои со својот настап оставија силен впечаток кај присутната публика.

Како најмлада учесничка се претстави Кристина Трендова, ученичка во второ одделение при ООМУ „Боро Џони“ – Струмица, од класата на наставничката Ана Тимова. Таа изведе дела од Ј.С. Бах и Џилок, покажувајќи завидно музичко ниво и сценска сигурност. Иако своето музичко образование на пијано го започнала во септември 2025 година, Трендова веќе може да се пофали со значаен успех – прва награда на Меѓународниот натпревар „Голден Ки“.

На концертот настапи и струмичанецот Стефан Ончев, кој своето музичко образование го продолжува во Штип, уште еднаш потврдувајќи го квалитетот на младите музички таленти од регионот.

Настанот беше уште една потврда за високото ниво на работа во ООМУ „Боро Џони“ – Струмица, како и за посветеноста на професорите кои несебично ги негуваат и развиваат младите уметници.

Струмичките деца со своите настапи уште еднаш докажаа дека иднината на македонската музичка сцена е во сигурни раце.