strumica denes logo

ГИ ОЖИВУВАМЕ СТАРИТЕ СЛИКИ: ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ – ЖИВ СПОМЕН НА ЕДНА БОЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Автор:

Датум:

март 26, 2026

На социјалните мрежи се споделува иницијатива за оживување на старите фотографии, преку која се потсетува на едно од најтешките поглавја од македонската историја, судбината на децата бегалци.

Станува збор за фотографии кои сведочат за трагедијата на невини деца, кои во рана возраст биле принудени да ги напуштат своите домови. Нивните животни приказни претставуваат жив спомен за егзодусот и страдањата на населението од Беломорска Македонија.

Објавата, споделена од страницата „Macedonian Truth“, повикува на зачувување на историската меморија и потсетува дека овие сведоштва не смеат да бидат заборавени. Преку симболиката на старите фотографии, се истакнува важноста од пренесување на вистината од генерација на генерација.

Воедно, граѓаните се повикуваат да споделат свои стари фотографии, со цел заеднички да се зачуваат личните и колективните сеќавања, како дел од историското наследство на македонскиот народ.

Иницијативата наиде на голем интерес, а многумина ја препознаа како важен чекор кон зачувување на идентитетот и историјата.