strumica denes logo

СТРУМИЦА ИМА СВОЈА УЛИЦА ВО СОФИЈА,БУГАРИЈА – МАЛА, НО СО ГОЛЕМА ПРИКАЗНА И ИСТОРИЈА!

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Во главниот град Бугарија, Софија, постои мала, но мошне интересна уличка која го носи името „Струмица“. Оваа софиска уличка не е позната само по своето име, туку и по архитектонското богатство што го крие. На неа се наоѓаат две впечатливи куќи од почетокот на 20 век, кои претставуваат вистински пример за урбана естетика од тоа време.

Во преден план се издвојува куќа проектирана од архитектот Киро Маричков, со карактеристични елементи на сецесија, стил кој бил особено популарен во Европа во тој период.

Во позадина, пак, се наоѓа куќа со еркер, дело на познатиот архитект Никола Лазаров, кој оставил значаен белег во архитектурата на Софија.

Иако станува збор за мала и тивка улица, „Струмица“ во Софија претставува интересен спој на историја, архитектура и симболика.

За струмичани, пак, таа е уште еден потсетник дека името на нивниот град живее и надвор од границите на Македонија.